Административен термин - категорија

генералии повеќе

генералиите
Вид збор: Именка, множина
Општи, лични податоци (име, датум, место на раѓање).
Англиски: particulars
Примери:
Ги запиша своите генералии.

гореименуван повеќе

гореименуваните
Вид збор: Придавка
Што е претходно именуван.
Англиски: above-named
Примери:
гореименуваното лице

горенаведен повеќе

горенаведени
Вид збор: Придавка
Што е претходно наведен.
Англиски: aforesaid
Примери:
Се молат горенаведените лица да дојдат во бирото.

граѓанин повеќе

мн. граѓани
Вид збор: Именка, машки род
Жител, државјанин на една држава.
Англиски: citizen Албански: shtetas
Примери:
Туристот беше граѓанин на Македонија.

граница повеќе

мн. граници
Вид збор: Именка, женски род
Линија што разделува држави, области и сл.
Англиски: border Албански: kufi
Примери:
државна граница

гремиум повеќе

мн. гремиуми
Вид збор: Именка, машки род
Група од компетентни луѓе формирани за решавање одредена задача; стручно тело.
Англиски: body of experts Германски: Gremium
Примери:
Советот за безбедност како одлучувачки гремиум.

губернатор повеќе

мн. губернатори
Вид збор: Именка, машки род
управник на губернија
Англиски: governor
Примери:
Добија покана за бал кај губернаторот.

гувернер повеќе

мн. гувернери
Вид збор: Именка, машки род
Управник на област, колонија или земја.
Англиски: governor Албански: guvernator
Примери:
Жителите се подготвуваа да го пречекаат гувернерот.
Врвен управник на некоја установа.
Англиски: director Албански: guvernator, drejtor
Примери:
Гувернер на Народната банка.
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - ш